88 издание на трката до облаците

21 септември, 20100
japonec

Трката до облаците е една од најпознатите трки на брда во светот. На 27 јуни во американската држава Колорадо, по 88-ми пат стартуваше легендарната Pikes Peak. Оваа година на пријавниот лист немаше звучни европски натпреварувачи, но напнатоста пред трката не беше ништо помала. Главното прашање гласи: дали ќе падне магичната бариера од 10 минути? Најголем претендент за победа во оваа сезона е четирикратниот победник и актуелен рекордер, Јапонецот Nobuhiro Monster Tajima кој од 2007 година важи за најбрз, со рекорд од 10:01:41. Легендарниот првак на Сузуки Мотоспорт оваа сезона настапи со новиот Monster Sport SX4 Hill Climb, специјален болид на кој најголемо внимание му е посветено на подобрување на аеродинамиката, бидејќи и овогодинешната стаза има повеќе асфалтиран пат отколку во сезоната 2009-та. Најголем конкурент на Јапонецот се Американците Rhys Millen и Paul Dallenbach. Првиот од нив моментално го држи рекордот на стаза за возила со погон на две тркала, а оваа година настапи со специјално направениот RMR Hyundai Genesis PM580 болид. Pikes Peak стазата е долга 12.42 милји, (скоро 20 км) со 156 кривини. Стартот е на 2862, а целта на 4300 метри надморска висина. Во оваа трка до облаците годинава стартуваа 168 возачи од сите категории, на посебните трки за автомобили, камиони и мотори. Победникот по јубилеен 5-ти пат е Јапонецот, кој единствено што не можеше е да си го собори рекордот од 10 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi