Компјутер кој ќе работи како човечкиот мозок

24 септември, 20100
computer_brain_white

Тим научници од Јапонија и САД вртат нова страница во историјата на компјутеризацијата. Тие успеаа да конструираат компјутер со само две молекули, кој по своите карактеристики и начинот на работа повеќе наликува на човечкиот мозок, отколку на електронски уред. Супер тенкиот компјутер, кој сеуште нема официјално име и се наоѓа во развојна фаза, може истовремено да решава сложени математички проблеми и бројни операции. Современите компјутери работат со неверојатна брзина, извршувајќи по 10 трилиони операции во секунда. Сепак, додека класичните компјутери можат да вршат една по една операција, молекуларниот компјутер е во предност бидејќи истовремено може да извршува илјадници наредби. Тој функционира исто како и човечкиот мозок, чии неврони испалуваат импулси со максимална брзина од 1000 импулси во секунда, само што бројноста на неврони во овој компјутер е многу голема и овозможува неверојатни перформанси, објаснува еден од физичарите од Јапонскиот национален институт за технички знаења.Молекуларниот микрокомпјутер е составен од DDQ. Овие молекули го менуваат својот статус на електроспроводливост во четири состојби. Научниците го поставиле DDQ на златна површина, основа на која DDQ е распоредена во двомолекуларна структура. Секоја молекула е поврзана со својот сосед преку електрично поле, а меѓусебно разменуваат информации за електроните. Ова резултира со формирање на еден вид линија, каде секоја молекула зазема различен облик и на тој начин учествува во извршување на одредена задача или одредена математичка операција. Овој принцип на функционирање ќе овозможи решавање на задачите кои поради својата сложеност, низ вековите се сметале за нерешливи. Она што класичните компјутери не можат да го решат, наскоро ќе биде овозможено преку молекуларниот компјутер. За да ги тестираат неговите способности, научниците му поставиле две задачи на новиот уред. Првата бил симулација и пресметување на ширењето на топлинската енергија низ одреден материјал, додека другата била симулација на пораст на канцерогените станици во живото тело. Според првите податоци, молекуларниот компјутер не само што побрзо ги решава комплексните и до сега несовладани задачи, туку и самиот се усовршува од искуството, бидејќи молекулите се прилагодуваат и оптимизираат во однос на претходните операции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *