Истанбул

16 декември, 20100
Turkey-Istanbul-42

Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 12.600.000 жители. Истанбул, исто така е мегалополис, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената провинција. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија. Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римска Империја (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинска империја (1204-1261), и Отоманска Империја (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година. Истанбул се наоѓа на северо-западниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија. Градот покрива површина од 1.830,92 квадратни километри (707 sq mi), а провинцијата Истанбул пак опфаќа 5.196 km². Истанбул има умерена клима, но се наоѓа во рамките на климатската транзициска зона[30] помеѓу океанска и субтропска клима. Во летото времето во Истанбул е жешко и влажно, температурата во месеците јуни и септември во средна вредност изнесува 28 °C (82 °F). Во текот на зимата, климата е студена, влажна и со чести снежни врнежи. Средната температура се движи околу 5 °C (41 °F). Просечната годишна влажност изнесува 79%. Просечни годишни врнежи изнесуваат 844 мм. Во летните периоди не постои вистинска летна суша бидејќи дождот се појават во текот на целата година, кое означува дека и климата не е медитеранска. Снежните врнежи се доста застапени во периодот од декември до март, и најчесто траат од една недела до две, со исклучоци. Градот е исто така доста ветровит, со просечна брзина од 17 km / h (11 mph).
Истанбул има 39 населби), од кои 27 се во градот Истанбул, кои сите заедно го формираат Големиот Истанбул, или Општина Истанбул. Истанбулските окрузи се поделени во три главни области:
– Историскиот полуостров на стариот Истанбул, кој отприлика датира од времето на Цариград во 15 век. Стариот град се состои од населбите Еминону и Фатих. Оваа област се наоѓа на јужниот дел од бреговите на Златниот Рог, што ја одделува од стариот градски центар на севрен и современите делови и градби од европска земја. Историскиот полуостров завршува со Теодосиевите ѕидови на запад. Полуостровот е опкружен од страна на Мраморно Море на југ и на влезот на Босфорот на исток.
– Северно од Златниот Рог се наоѓаат историските населби Бејоглу и Бешикташ, во кои се наоѓа последната палата на султанот. Овде се наоѓаат и поранешните села Ортакој и Бебек, односно по должината на бреговите на Босфорот. Од двете страни на Босфорот, азиски и европски, се наоѓаат богатите истанбулски луксузни градби, наречени Гали кои биле користени како летни резиденции.
– Населбите Ускудар (древните Крисополис) и Кадикој (древниот Халкедон), кои се наоѓаат на азиската страна, во почетокот егзистрале како оделни градови и истите во текот на историјата биле заземени од страна на византиските императори или османлиските султани. Денес, на азиската страна од градот има изградено голем број на современи станбени области и бизнис области, и овој дел е дом на околу една третина од населението во Истанбул.

Архитектура
Низ својата долга историја, Истанбул има добиено репутација како еден од најголемиот центар од најразновидни архитектонски стилови. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција.
Познатата Леандерска кула, е еден од симболите на Истанбул. Кулата била изградена во времето на Алкивиад во 408 п.н.е. целта на изградбата била поголема контрола на движењата на персиските бродови во теснецот.[38] Тогаш кулата била лоцирана помеѓу античките градови Византион и Ускудар. Кулата подоцна била проширена и изградена како тврдина од страна на византискиот император Алексеј I Комнин во околу 1110 година, а истата била обновувана и на неколку пати за нијанса изменувана од страна на отоманските Турци, позначајно во 1509 и 1763.[39] Кулата со векови се користела како светилник. Денеска, во внатрешноста на кулата има кафуле и ресторан, со одличен поглед кон поранешната римска, византиска и отоманска престолнина.

Византиска уметност
Раната византиската архитектура се карактеризира со класичните римски модели на арки и куполи. Како една од првите цркви кои биле изградени во новата престолнина на Источното римско царство била црквата Света Ирина во 4 век односно во времето на Константин I Велики. Од раната византиска архитектура, освен црквата Света Ирина, се одвојуваат и црквата Мала Света Софија и црквата Голема Света Софија кои датираат од 6 век во времето на Јустинијан I. Црквата Аја Софија била најголемата градба во тоа време. При осветувањето на црквата на 27 декември 537 година, се вели дека Јустинијан ги изрекол следните зборови: „Соломоне, јас те надминав“, мислејќи на Храмот на Соломон во Ерусалим. Според археолошките ископувања во Големата палата во Константинопол, која се наоѓала веднаш до Аја Софија, биле пронајдени голем број на мозаици и ѕидни декорации, кои денеска се прикажани во Музејот на Мозаикот од Големата палата. Во близина на оваа локација се наоѓала и кулата Магнаура, врз која сѐ уште се вршат археолошки ископувања. Големата палата била изградена во времето на Константин Велики, но истата градба на неколку пати била проширувана, а најголемото свое проширување го имала во времето на Јустинијан. Палатата Букелеон, алтернативно позната како Палата на Хормизд, била изградена во времето на Теодосиј II во 5 век, а во времето на Теофил во текот на 9 век била проширена, а во текот на 10 век во времето на Никифор II Фока биле изградени ѕидините околу големата палата, и самиот Букелеон бил сместен во дворскиот комплекс. На источниот дел од големата палата се наоѓал Хиподромот, кој исто така бил поврзан директно со Големата палата.
На местото на денешната Света Софија, црква постоела уште од времето на императорот Константин I, која била започната да се гради уште во 325 година. Но црквата горела до темел два пати, вториот пат од пожарите за време на Бунтот Ника во времето на Јустинијан I во 532 година. Целата внатрешност на црквата била украсена или со злато или со некој скап вид на мермер. Многу од мермерните плочи биле донесени од стари храмови од античките градови во Мала Азија. Во август 553 и на 14 декември 557 година, два земјотреси во Константинопол предизвикале пукнатини на главната купола и на источниот свод. По уште еден земјотрес на 7 мај 558 година, главната купола целосно се урнала. Јустинијан веднаш наредил да се направат поправки, кои се завршени дури во 562 година. По завршувањето на поправките, била повторно осветена од патријархот Евтихиј на 23 декември 562 година. Одтогаш, црквата го има денешниот изглед. Внатрешните мозаици биле направени во времето на Јустин II (565–578). Црквата Мала Света Софија, која според податоците била меѓу првите цркви во градот, била земена како модел при изградбата на црквата Света Софија.

Одмор и рекреација
Принцевските острови се наоѓаат јужно од Истанбул, во Мраморно море. Традиционален плажни летувалишта постепено зпочнале да исчезнуваат, главно поради загадувањето на водата. Неодамна, повторно започнале да се градаат старите места во градот. Најпопуларните места за пливање и одмор во градот се наоѓаат во Бакиркој, Küçükçekmece, Сариер и на Босфорот. Надвор од градот, најпосетувани места се Мраморно Море, Принцевските острови, Силиври и Тузла, како и Килјос и Шиле на Црното Море.
Принцеските острови се група на острови во Мраморно Море, јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km², со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15.000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторно возило, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.
На 51 километри (31 mi) од Истанбул се наоѓа турското одморалиште на Црното море, градот Шиле. Килјос е мало мирно одморалиште кое се маоѓа недалеку од северниот дел на европскиот влез на Босфорот во Црното море. Местото има добри можности за пливање и последниве години меѓу жителите на Истанбул местото станало голема туристичка атракција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *