Милошоски: Спорот со името да продолжи под чадорот на ОН

19 декември, 20100
milososki_coe

Шефот на македонската дипломатија Милошоски вели дека решавањето на македонско – грчкиот спор треба да продолжи под чадорот на Обединетите Нации. “Ние цениме дека најдобро би било доколку македонско – грчкиот дијалог продолжи под чадорот на ОН, и доколку дијалогот биде моделот преку кој можеме да ги приближиме ставовите и евентуално да го надминеме ова билатерално прашање“, изјави денес Антонио Милошоски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на надворешно-политичкото списание “Крстопати“. По однос на тужбата на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата, Милошоски кажа дека тоа била единствена правна можност по прекршувањето на времената спогодба, и дека таа тужба има правна основа и димензија не би требало да се политизира. За инцијативата на ДИУ за вклучување меѓународни посредници за помош околу градење консензус, одговори дека нема податоци за такво нешто. “Националниот консензус не е лесно прашање, бидејќи самиот спор наметнат од Република Грција е прилично сложен, сметам дека самиот спор се злоупотребува често во политички контекст за освојување на краткорочни и долгорочни политички поени оневозможува една сериозна стабилна и зрела јавна дебата по ова прашање. Државниот врв во овој момент има усогласени ставови, има јасни позиции, има решителност дека Македонија треба да го продолжи македонско – грчкиот дијалог, при што тоа е најдоброто место каде што ние сметаме дека треба да се одбранат принципите на Македонија, македонските национални интереси“, посочи министерот за надворешни работи.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi