Божиќна елка од 11 милиони долари

15 декември, 20100
Emirates Christmas Tree

Во еден хотел во Абу Даби денеска на јавноста и е претставена наводно најскапата елка во светот, чија декорација вреди 11 милиони долари. “Ова е најскапата елка чија вредност надминува 11 милиони долари “, изјави Ханс Олберц, генерален директор на Емирати Палас “, луксузен хотел со седум ѕвезди. Елката е со висина од 13 метри и украсена со светилки и украси од сребро, но она што ја прави толку скапа, се дијаманти, смарагди, сафири и други скапоцени камења, со кои таа е украсена. “Божиќното дрво чини околу 10.000 долари, но накитот што е ставен на него вреди повеќе од 11.000.000 долари, изјави Олберц. Олберц рече, дека ќе ги извести во Гинисовата книга на рекорди за дрвото официјално да се прогласи за најскапа во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *