Кејти Холмс – Совршена девојка за Келвин Клајн

27 септември, 20100

Франциско Коста, креативниот директор на Келвин Клајн и Кејти Холмс, изгледа дека имаат долгорочна модна приврзаност. Тоа се покажало и на минатата ревија за пролетната колекција која ја промовираше познатата актерка. Коста изјавил дека Кејти ја познава многу одамна и дека неговат облека совршено прилега на нејзината манекенска фигура. Едноставно, таа била совршената девојка за Келвин Клајн. Холмс, која долета од Торонто за да се приклучи на Џулиен Мур и Кери Вашингтон во првиот ред на модната ревија во Нујорк, за магазинот People изјави дека шоуто било фантастично и дека многу од модните парчиња би сакала да ги има во нејзиниот плакар. На Кејти и се допаѓаат едноставноста, материјалите кои се користат и елегантноста на Келвин Клајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *