Креативната страна на љубовта

24 септември, 20100
date-snob-large-new-92584426

Зошто љубовта од секогаш била инспирација за уметниците? Едно научно истражување донело заклучоци дека мозокот различно реагира на љубовта и инспирацијата. Минатата година, психолози во Холандија направиле еден експеримент во кој група млади мажи и жени биле замолени да се замислат себе во долга прошетка со саканата личност (оние без партнер да ја замислат со идеалниот партнер). И друга група волонтери била замолена да се замисли себе во жешки сцени со личноста која ги привлекува, но не се заљубени во неа. Двете групи волонтери пред и после фантазирањето направиле тест, во кој им биле испитувани креативните и аналитички способности.
Резултатите го покажале следното: испитаниците кои замислувале романтична прошетка, стимулирале глобална обработка на механизмите во мозокот, што резултира во долгорочно фокусирање и унапредување на креативноста. Оние кои замислувале секс, стимулирале локална обработка, која донела фокусирање на сегашноста и зголемено аналитичко размислување.
Постојат многу психолошки толкувања за овие резултати. Чувството на романтична љубов може да го зголеми нивото на допамин, неврохемикалија која е поврзана со креативноста, додека сексуалната желба го покачува нивото на тестостерон, кој е задолжен за изразување на аналитички вештини.
Овие сознанија можат да бидат корисни за оние кои сакаат да ги преболат своите бивши партнери, така што размислувањата од типот што би било кога би било, ќе се заменат со сексуална фантазија. Тоа би помогнало да се концентрираат на сегашноста и на чекорите кои се потребни за нов почеток, така што би можеле еден ден повторно да пишуваат љубовни пораки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *