Пушењето ја уништува вашата убавина

19 декември, 20100
StopSmokingB

Освен тоа што пушењето го уништува вашето здравје, исто така ја уништува и вашата убавина. Потврдено е дека пушачите имаат четири пати поголема шанса за несоница, а сето тоа и потемни подочници. Пушачите никогаш неможе да имаат сјајно бели заби како непушачите. Никотинот прави жолти флеки на забите, а професионалното избелување не е баш здраво. Експертите дошле до заклучок дека пушачите изгледаат постаро. На нив им се појавуваат брчки многу порано, а тоа е зашто пушењето го спречува снабдувањето на ќелиите со крв, која ја оддржува кожата мека и и дава здрав изглед. Никотинот, како што ги жолтее забите истото им го прави и на вашите прсти. Од пушењето и косата станува се потенка. Исто така и нивната коса побрзо седее. Мажите кои се пушачи имаат два пати повеќе шанси да оќелават, одколку мажите кои се непушачи. Лицето на пушачите никогаш не изгледа свежо. Чадот од цигарите содржи јаглен моноксид кој го истиснува кислородот од вашата кожа, а со тоа се намалува пртокот на крвта. Сето тоа исто така може да предизвика и појава на стрии, затоа што стриите се појавуваат како резултат на нееластичност на кожата. Пушењето го намалува вашиот апетит, но студиите докажуваат дека како резултат на пушењето се наталожуваат масните наслаги на стомакот многу повеќе, а освен поголемо стомаче исто така има опасност од заболување на некои органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi