Борис Тадиќ вози најскап автомобил во регионот

9 март, 20110
BorisTadic

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, на почетокот на април, лани, купил најскап автомобил во регионот. Посебно нарачаниот “мерцедес“ вреди 620,000 евра, пишува загрепскиот весник “Јутарњи лист“, пренесува Нетпрес.
“Мерцедесот“ Це класа, пишува весникот, е многу поскап од “јагуарот“ на британскиот премиер Дејвид Камерун, кој беше на удар на јавноста дека купил два автомобили, а ни една година не бил на премиерската функција.
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер со години се возел во “БМВ“ серија 7 кој вреди 4,2 милиони куни. Актуелниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, се одлучил за автомобил од таа марка, но од помалата серија 5, а премиерката Јадранка Косор исто така се вози во блиндиран “бмв“ од серијата 7. Весникот пишува дека покрај телохранителите, клучна алка за безбедноста на секој државен функционер е и добар автомобил и додава дека ни малку не зачудува што лидерите на европските држави, за превоз користат исклучиво најсофистицирани и најбезбедни лимузини од висока класа.
Погодност е што купувачите на тие автомобили имаат голем избор за начинот на заштита, кој варира од отпорност на куршуми од оружје со помал калибар и на разни други помалку ризични оружја, до заштита од напад со оружје со голем калибар, гранати или ракетни лансери, отровен плин и слично.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *