ЦИА во Белград гради „шпиунски центар”?

12 ноември, 20110
cia-beograd

Во рамки на новата Амбасада на САД во Србија, која се гради на местото на некогашниот Маршал на Дедиње, ќе биде сместен и регионалниот центар на ЦИА за Балканот.

Амбасадата ќе се простира на повеќе од 40.000 квадрати, ќе биде составена од седум згради, ќе вработи околу 400 службеници, а проектот е вреден околу 117 милиони долари.

Официјалните лица од Амбасадата на САД, своевремено обелоденија дека овој комплекс, опкружен со високи ѕидови, всушност ќе биде составен од седум згради, со објект за сместување на маринци, работилници, „техничка зграда”, додека главната зграда на Амбасадата ќе биде најголема и ќе се простира на 14.000 квадрати, односно – дури на три спрата.

Експертите од областа на безбедноста немаат дилема дека САД се одлучиле токму во Србија да го сместат седиштето на ЦИА за овој дел на Европа, пишува порталот „Вести онлајн”.

„Американците ја одбраа Србија и Белград затоа што станува збор за фантастична геостратешка опсерваторија. Србија е на идеално место и во однос на Јадранот и во однос на источна Европа”, оценува некогашниот професор на стратегија, во Школото за национална одбрана, генералот Радован Радиновиќ и додава дека поради оваа цел ќе биде инсталирана најмодерна шпиунска опрема.

Работата за изградбата на нова Амбасада во САД и Србија отпочнаа на почетокот на фебруари минатата година, а каменот темелник симболично го удрија американската амбасадорка Мјери Ворлик, министерот Оливер Дулиќ и градоначалникот на Белград Драган Џилас.

Планирано е Амбасадата на САД да биде свечено отворена на 2012 година, а изградбата е поверена на американската фирма Фрамако интернешнл. Во изградбата се вклучени 500 работници и инжењери од Србија.

Властите во Белград се пофалија дека комплетната процедура за издавање на градежната дозвола траела само два месеци, што е своевиден рекорд за Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *