Пирани во Јадран?!! Уште тоа им требаше на Храватите!

26 септември, 20110
ribic-jarunu-ulovio-piranju-tesku-kilogram-slika-210958

Пирана тешка еден килограм била фатена од страна на риболовецот Мирослав Судар на 6-тиот Јадрански Куп кој се одржал на езерото Јарун. Егзотичната риба била првиот улов на натпреварот на кој се натпреварувале 40 риболовци поделени во 8 тимови, а на овој специфичен улов сите останале зачудени.

Само што ја фрлив јадицата осетив дека нешто се закачило. Кога ја повлеков трската, рибата рипна еден метар над површината на водата. Луѓето почнаа да зборуваат дека се работи за пирана, и конечно кога ја уловив рибата видов дека во нејзината уста има заби, сфативме дека се работи за пирана, изјавил Мирослав.

– Инспекторот од Инспекторатот за рибарство на Хрватска, кој бил присутен на натпреварот изјавил дека рибата не смее да се врати во езерото бидејќи тоа не е нејзино природно живеалиште.

Според претпоставките на присутните натпреварувачи, пираната најверојатно била чувана во аквариум, па потоа фрлена во езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi