Домашна забава во режија на Google

17 февруари, 20120
10543417174f357b460ee4e003503749_orig

Google развива систем за домашна забава кој ќе пушта музика во било кој дел од вашиот дом и ќе биде лансиран на пазарот под брендот на таа компанија.

Тоа што прв пат сама ќе дизајнира и продава потрошувачка електроника е голема стратешка преобразба за компанијата од Mountain View, а воедно и влегување во уште едно подрачје во кое моментално суверено владее Apple, пишува Wall Street Journal.

Google до сега во главно беше насочен на развој на оперативниот систем  Android, кој се користи од преносливите уреди како смарт телефоните и таблетите, но и телевизорите.

Изработката и брендирањето на самите уреди кои го користат го препушти на другите компании. Со овој чекор се приближува до стратегијата на Apple за поцврста интеграција на хардвер и софтвер.

Уредот за домашна забава на Google е во развој веќе неколку години. На пазарот би требало да се појави во текот на оваа година.

Не е познатo кои трговци ќе го продаваат, но се чини дека ќе се зема музика од услугата на Google и ќе се пренесува со помош на безжични звучници, исто така креирани од Google, или со други уреди кои можат да се поврзат со интернет. Во иднина тој уред би можел да емитува и други дигитални содржини, како видео и филмови.

Со него ќе можете да управувате користејќи смарт телефон или таблет, а не се знае дали на него ќе мора да биде инсталиран Android.

Во Google се надеваат дека ќе успеат со поволни цени да зграбат добар дел од глобалниот пазар вреден околу осум милијарди долари – па и да го зголемат, а со тоа да дојдат и до нов извор на приходи.

На развојот веројатно работи и шефот на одделението за хардвер за Android, Енди Рубин, некогашниот директор на компанијата Danger, која се занимаваше со дизајнирање на потрошувачка електроника.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *