Претставен e новиот iPhone 5

13 септември, 20120
iPhone5

Сите конференции на Apple имаат некои заеднички карактеристики – таинственост, нема многу официјални информации за произодите кои ќе бидат претставени, а на самите конференции, постои некаков вообичаен редослед.

Една од овие карактеристики е потврдена и денес. Но, она што вас ве интересира и со нетрпение го очекувате е новиот iPhone 5, па затоа и тука ќе го задржиме нашето внимание.

Карактеристиката која ја споменавме, таинственоста, дефинитивно не е одлика на оваа конференција, бидејќи повеќето гласини  и неофицијални информации кои циркулираа околу новиот iPhone, испаднаа точни.

Според првичните информации се работи за уред тежок 112 грама, 20% полесен од 4S, 4 инчен Retina дисплеј со резолуција од 1136 x 640 пиксели и густина од 326 пиксели.

За поврзување користи GPRS, EDGE, EV-DO, HSPA, HSPA+, DC-HSDPA и LTE технологија, а има надградени и нови апликации како iMovie и Garage Band.

Новиот А6 процесор е за 22% поштедлив, а новата батерија издржува 8 часа разговор во 3G или LTE, или 10 часа само пребарување на интернет.

Телефонот доаѓа со нова камера од 8 МП и нуди резолуција од 3264 х 2448 пиксели и снима со видеа од 720p, ќе има технологија за стабилност на видео, детекција на лица и можност за правење слики додека снима видеа.

Исто така, на сцена ќе стапи и нов микрофон кој има одличен квалитет и ги намалува надворешните звуци – односно три нови микрофони: назад, напред долу и напред горе.

Некои од најдобрите игри ќе одат како подмачкани на него – тука се работи за Real Racing 3.

Телефонот работи на iOS 6, a меѓу многуте апликации се новата апликација за мапи каде меѓу другото се гледаат 3D згради. За пребарување iPhone 5 го користи пребарувачот Safari, исто како верзијата во живо.

Уредот ќе доаѓа во две бои: црна и бела.

За жал, на него ќе нема micro-USB компатибилност, ниту безжично полнење, а ништо и од NFC технологијата за која се шпекулираше.

И сега доаѓа на ред цената! Со две – годишен договор iPhone 5 со 16GB ќе чини 199 долари, 32GB ќе чини 299долари, а 399долари ќе биде потребно да одвоите за верзијата со 64GB.

iPhone 4 сега ќе чини 99 долари (16GB), а со две-годишен договор iPhone 4 со 8GB ќе биде бесплатен.

iPhone 3GS не е повеќе во официјалната Apple понуда.
iPhone 5 ќе почне да се испорачува од другиот петок (21 септември) па натакај, а iPhone 4S, iPhone 4, 3GS, новиот iPad, iPad 2 и iPod ќе го добијат iOS 6.

 

http://www.youtube.com/watch?v=BeqP8c3nypk&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *