Блед

9 март, 20120
crkva_3

Уникатната убавина на езерото и околината, совршената географска положба на јужната страна на Алпите, во близина на австриската и италијанската граница, го прави Блед идеално место за туризам. Стариот замок, езерото со термални води, островот со црквата Свето Успение и Бледскиот град, кој стои гордо на карпата над езерото, пружајќи на туристите незаборавна глетка на падините на Планините Јеловице и  Покљуке, долината на реката Винтгар. Сето ова и уште многу други природни убавини, го прават Блед идеално место за посета на вљубениците во природата, за фамилијарен одмор и рекреација. А за време на сончевите денови може да се видат снежните врвови на Јулијските Алпи.

Блед е сликовито градче кое најмногу привлекува со природната убавина. Сепак постојат и две многу атрактивни знаменитости: Бледскиот дворец и црквата Воспетие на Марија.

Бледскиот дворец е секако најинтересна знаменитост и се наоѓа на сртмна стена 130м веднаш над Бледското езеро. Постоењето на дворецот се спомнува уштер во 1004год, кога германскиот крал Хенрих II го подарил Блед на брискенската бискупија.

Црквата Возенсение на Марија се наоѓа на единствениот остров во ова прекрасно езеро. Камбанаријата на оваа црква е и најпознат и најчест мотив по кој Блед се препознава. Според легендата, на островот постоел пагански храм посветен на словенската божица на плодност Жива, за кој постојат археолошки налази. Првата зидана црква градена е во романски стил во 1142год.

Посебна атракција е познатото „Ѕвоно на желбите“ излиено уште во 1534год од уметник од Падова (Италија). Според легендата, во Блед живеела младата вдовица Поликсена, која неутешна поради смртта на мажот го собрала целото свое злато и сребро се излие ѕвоно во спомен на нејзиниот маж. За време на пренесувањето на ѕвоното на островот, бродот бил потопен од страшното невреме. Уште понеутешна поради загубата и на ѕвоното, Поликсена отишла во Рим и таму се замонашила. После нејзината смрт, Папата испратил на Блед ново ѕвоно, кое и ден денес се користи. Постои верување дека секому што ќе го повлече и заѕвони со ѕвоното ќе му се исполни една желба.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi