Банана сплит торта

14 септември, 20120
torta

Потребни состојки:

–          250 мл млеко

–          2 јајца

–          250 гр путер

–          Кесичка ванилин шеќер

–          150 гр шеќер

–          2 кори за торта

–          4 лажици џем од кајсии

–          6-7 банани

–          2 лажици лимонов сок

–          6 лажици рум или сок од портокал

–          100 гр чоколадни мрвици

–          120 мл слатка павлака

–          5 лажици растопена чоколада

Подготовка:

Млекото, јајцата и 30 гр омекнат путер, ванилин шеќер изматете на пареа. Кога ќе добиете густ крем, тргнете го тенџерето од оган. Откако малку ќе се излади ставете го во фрижидер. Кората за торта исечете ја по димензија на калапот, а остатокот од кората исечете го на коцки. Наредете ги коцките и премачкајте ги со џемот. Одозгора ставете ги бананите исечени на тркалца. Во изладениот крем ставете ги румот или сокот од портокал и убаво изматениот путер. Коцките од кората и чоколадните мрвици ставете ги во кремот. Ставете го кремот врз бананите. На крајот премачкате ја тортата со изматената слатка павлака и одозгора прелијте со растопената чоколада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi