Бејлис торта

31 октомври, 20120
bajlis torta

Потребни состојки:

за кора:

  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици вода
  • 160 г брашно
  • 120 г мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво

за фил:

  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици ликер „Бејлис“
  • 200 г путер
  • 100 г шеќер во прав

а прелив:

  • 300 мл млеко
  • 50 г кафеав шеќер
  • 100 мл Бајлис ликер
  • шлаг за украсување

Начин на подготовка:

1. За подготовка на кората, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.

2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.

3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.

4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *