Чоколаден колач

29 септември, 20120
cokoladen kolac

Потребни состојки:

за чоколаден прелив:

  • 10 лажици млеко
  • 100 гр маргарин
  • 100 гр темно чоколадо/ чоколадо за готвење
  • 10 лажици шеќер

 

за тесто:

  • 2 чаши јогурт
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 чаши шеќер
  • 0,5 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 2 лажички какао

Пред да почнете со припремата вклучете ја рерната на 220 степени.

Начин на подготовка:

Ставете го брашното во поголем сад и додадете сода бикарбона и какао. Додадете го и шеќерот и добро измешајте го сето тоа. Постепено ставајте го јогуртот и мешајте. Матете ја смесата додека не ги разбиете сите грутки. Додадете и масло и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Потоа премачкајте еден плех со масло и посипете го со брашно. Ставете ја подготвената смеса во плехот и печете 40тина минути на 220 степени.

За преливот растопете чоколадо, маргарин и млеко. Чоколадото топете го на најниска температура за да не го изгуби сјајот. Додадете шеќер, промешајте и чекајте да се растопи. Кога ќе се испече колачот, оставете да се излади, исечете ги краевите и прелијте го со чоколадниот прелив. Исечете го на коцки и спремен е за послужување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi