Гибаница – совршен појадок

15 септември, 20120
gibanica

Потребни состојки:

–      1 кг кори за гибаница

–      1 кг фета

–      10 јајца

–      200 гр кајмак

–      0,5 л газирана вода

–      3 лажици масло

–      сол

Подготовка:

Наредете четири кори во еден округол подмачкан плех. Краевите превиткувајте ги според обликот на плехот. Јајцата изматете ги со крупно исецканото сирење, кајмакот, и кисела вода, онолку колку да добиете убава смеса која не е премногу ретка. Посолете во вкус. Одвојте уште четири кори за одозгора. Остатокот од корите гужвајте ги и ставајте ги во филот па во плехот врз четирите кори. Наполнете го плехот со овие згужвани кори потопени во фил и одозгора прекријте со четирите кори кои ги оставивте на страна. Попрскајте одозгора со кисле авода и ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу еден час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi