Кинески стапчиња со свинско месо и ѓумбир

18 септември, 20120
rolnicki

Потребни состојки:

  • 250гр мелено свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 100гр целер
  • 100гр зелка
  • 18 листови тенко тесто за ролни
  • 3 лажици соја сос
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • сол

 

Начин на подготовка:

Пропржете го кромидот, ѓумбирот и месото. Потоа додадете исецкан целер и зелка. Една лажица густин разматен во 2 лажици соја сос и 2 дл вода додадете во смесата која веќе се подготвува и оставете да се крчка додека месото убаво не се свари. Зачинете по желба.

На тестото ставете 2 лажици од филот, завиткајте ги рабовите и замотајте. Рабовите залепете ги со скробно брашно кое сте го разматиле во вода. Ролните пржете ги во загреано масло на силен оган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *