Овошни кошнички

18 септември, 20120
ovoski korpi

Потребни состојки:

За кошнички:

  • 250гр брашно
  • една лажица прашак за пециво
  • 100гр мелени бадеми
  • 150гр путер
  • 100гр шеќер
  • малку сол
  • 1 жолчка

За крем:

  • 4 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • 50гр путер
  • една лажица млеко
  • 50мл слатка павлака
  • 150гр бело чоколадо
  • кесичка ванилин шеќер

За декорација:

  • 150 гр боровинки
  • 50 гр шеќер

Начин на подготовка:

Од брашно, прашок за пециво, мелени бадеми, путер, жолчки, шеќер и сол, подгответе изедначено тесто. Оставете го да стои еден час во фрижидер. Со тестото полнете ги подмачканите калапи со вдлабнување во средината. Печете на умерена температура околу 15 минути. Извадете ги корпите од калапите додека се уште топли.

За крем изматете на пареа жолчки, шеќер, ванилин шеќер, путер и мелко. На изедначената смеса додадете искршено бело чоколадо и мешајте додека не се растопи. Тргнете ја од оган и соединете со изматена слатка павлака. Со кремот полнете ги корпите.

Сварете вода со шеќер, додадете ги боровинките и оставете на оган уште 10 минути. Кога сирупот ќе се олади, прелијте ги полнетите корпички.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi