Пирошки

26 септември, 20120
piroski

Потребни состојки:

  • 2дл. масло

 

За филот:

  • 200гр шунка
  • 200мл павлака

 

Тесто:

  • 0,50кг брашно
  • 200мл млеко
  • 1 лажица сол
  • 7гр сув квасец
  • 2 жолчки
  • 300гр компир
  • 3 лажици масло

 

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе се сварат, исцедете ја водата и испасирајте ги компирите. Во друг сад, во просеано брашно додадете лажица сол и сув квасец и добро промешајте. ОД две јајца одвоите ги жолчките од белките, и додадете ги жолчките во садот со брашното. Додадете и масло, пасиран компир и млеко.

Замесете хомогено тесто и обликувајте го во полутопка. Можете да го покриете со крпа и оставете го да стои на топло место околу 45мин.

Посипете брашно на работната површина и намачкајте го и тестото. Потоа премесете го истото. Почнете да сучите кора од тестото со дебелина околу 8 милиметри и исечете го во форма  на правоаголници со големина 12Х8 сантиметри. Филувајте го тестото по должина и засукајте. Гледајте добро да ги  залепите странте за пирошката да не се распадне за време на пржењето.

Потоа, добро загрејте масло во една тава и пржете ги пирошките 10-тина минити за да добијат убава кафеавкаста боја. Повремено превртувајте ги за да се испржат рамномерно. Се служат топли и можат да се конзумираат со јогурт или кисело млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi