Поинаков пудинг – колач кој ќе ве воодушеви

15 септември, 20120
kolac

Потребни состојки:

–      4 кесички пудинг од ванила

–      2 л мелко

–      300 гр шеќер

–      2 јајца

–      2 лажици брашно

Подготовка:

Во врелото зашеќерено млеко ставете го изматениот пудинг со малку ладно млеко и јајцата. Мешајте постојано со дрвена лажица, варејќи го на тивок оган. Постапката е иста како кога варите пудинг. Кога ќе ја добие потребната густина тргнете го од оган. Во еден плех за печење ставете малку масло, доволно за да ја намрсите подлогата и страните на плехот. Потоа сипете ги двете лажици брашно и убаво распоредете ги. Тие ќе направат крцкава кора на колачот. Сипете го одозгора пудингот и печете на 200 степени околу 30 минути, или додека не се запече и добие бакарна кора. Пред да го исечете колачот бидете сигурни дека е убаво изладен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi