Прасиња од тесто

22 септември, 20120
prasinja

Потребни состојки:

4дл млако

2дл вода

1 лажица шеќер

1,5 лажица сол

1 квасец

1дл јогурт

2дл загреано масло

1100-1200 гр брашно измешано со 1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

1. Загрејте ги млекото и водата, па помешајте со шеќер, сол и квасец и оставете 10 минути.

2. Во смесата додадете јогурт и масло и брашно наизменично убаво да се замеси и оставете го тестото да нарасне.
3. Тестото поделете го на јуфки со голмина на шака и направете исто толку мали топчиња за муцката.
Секоја јуфка развијте ја во круг со дебелина на прст, од горната страна засечете уши и спуштете ги надолу. Малото парче тесто ставете го за муцка, а очите со две зрна бибер или ако сакате црни маслинки.
Со горниот дел од стапчиња за ражнич втиснете длабоко две дупки да се добијат ноздрите.
4. Наредете ги во тава, оставете ги да нараснат, премачкајте со јајце и печете на 200 степени додека не поруменат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi