Семифредо со вишни

13 септември, 20120
desert

Потребни состојки:

–          200 гр вишни

–          100 гр шеќер

–          2 жолчки

–          1 јајце

–          150 гр чоколада

–          200 мл слатка павлака

–          3 лажици сок од вишни

Подготовка:

Измешајте ги вишните со 50 гр шеќер, оставете ги 15 минути, а потоа кратко варете ги.

Жолчките и јајцето изматете ги на пареа со 50 гр шеќер. Во таа смеса додадете ја растопената чоколада и три лажици сок од вишни.

Изматете ја слатката павлака и додајте ја смесата со жолчки и чоколада. Во калап ставете фолија, па сипете ја смесата и наредете ги одозгора вишните. Ставете го садот во фрижидер да отстои една ноќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *