Шпагети со ќофтиња

23 ноември, 20120
spageti so koftinja

Потребни состојки:

–          500гр шпагети

–          500гр мелено говетско месо

–          2 лажици свеж магдонос

–          60гр колбаси

–          60гр пармезан

–          3 лажици доматно пире

–          1 јајце

–          15гр путер

–          главица кромид

–          2 лажици сув босилек

–          лажичка оригано

–          440гр излупени домати

–          125мл говедска супа

–          125мл бело вино

–          лажичка шеќер во прав

Начин на подготовка:

Помешајте во сад говедско месо, сецкан магдонос, колбаси исецкани на кругови, пармезан и лажичка доматно пире со изматено јајце. Смесата обликувајте ја во топчиња, па пропржете во тефлонска тава 12 минути. Истопете го путерот во голема тава, додадете сецкан кромид, босилек и оригано, па кратко пропржете. Помешајте ги излупените домати, преостанатата количина доматно пире, супа од говедско месо, вино и шеќер, проварете и додадете ги ќофтињата. Со повремено мешање крчкајте околу половина час додека не се згусне. Сварете ги шпагетите во врела солена вода, исцедете ги и преку нив додадете ги ќофтињата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *