Вкусно јадење на новогодинешната трпеза

27 декември, 20120
svinsko

Потребни состојки:

  • 2кг свинско месо без коска
  • околу 00гр пикантна кобасица
  • малку сенф
  • сол
  • бибер
  • 100мл масло

Начин на подготовка:

Месото исчистете го од вишокот маснотии, исечете го на шницли и направете дупка во средина. Дупката мора да биде доволно широка за да влезе кобасицата. Така подготвеното месо зачинете го, па од сите страни кратко пропржете го на врело масло да се направи кора. Потоа месото префрлете го на подмачкана тава и додадете малку вода. Покријте со алуминиумска фолија и печете околу еден час на 200 степени. Пред крај, тргнете ја фолијата и оставете го месото да порумени. Сервирајте топло со печен компир или салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *