Крадел пари од банкомати и им ги делел на сиромашните

30 октомври, 20120
euro

Чуварот на трезорот на една српска банка сам се пријавил во полиција каде признал дека во изминатите неколку месеци, додека работел на полнење на банкомати, украл околу 90.000 евра.

Поранешниот чувар влегол во зградата на белградската полиција ги побарал инспекторите за економски криминал и ја признал кражбата. Тој од 26-ти јуни од секој банкомат кој го полнел земал одредена сума на пари  која за кратко време се искачила на ниво од околу 11 милиони српски динари или околу 90.000 евра.

При полнење на банкоматите дел од парите ги држел за себе, но вели дека тие пари повеќе ги нема бидејќи, како што вели, им ги поделил на сиромашните.

Полицијата не верува во неговите наводи и тврди дека во овој момент се истражува каде се скриени парите. Не се знае точно поради која причина мажот се пријавил во полиција, но се претпоставува дека можеби интерната контрола ја открила кражбата и му предложила сама да се предаде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi