Почина актерот Владимир Ангеловски – Дади

16 ноември, 20120
dadi

По кратко боледување синоќа почина нашиот познат актер Владимир Ангеловски-Дади.

Актерската кариера ја почна во радиодрамата. Потоа следуваа многубројни филмски и театарски улоги. Одигра голем број ролји во детски серии и драми. Сними неколку филма. Познат е по улогите во “Солунски патрдии”, “Kалигула”, “Рибарски караници”. Се појави и во неколку серии, како што се “Агенција осамени срца”, “Училиште за кловнови”, “Трст виа Скопје”. Низ кариерата често соработуваше со својот брат Kоле Ангеловски, кој на нашата јавност и е познат како режисер и актер.

Го гледавме во голем број претстави. Меѓу нив се “Мефисто” и “Дунек”. Матична куќа му беше Драмскиот театар во Скопје. Утре во 10.30 часот ќе се одржи комеморативна седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *