Обама во Белата куќа пеел со Џегер и Би Би Кинг! :)))
22 февруари, 20120
Американскиот претседател Барак Обама запеал на концертот кој бил одржан во Белата куќа, каде присуствуваа блуз ѕвездите, но и Мик Џегер.
Источната соба на Белата куќа била претворена во интимен блуз концерт, а претседателот не можел да одбие и да не го земе микрофонот кој му го понудил Џегер. Обама со другите блузери ја запеал “Sweet Home Chicago”, блуз химната на неговиот роден град.
„Оваа музика зборува за универзални работи. Никој не поминува низ животот без радост и болка, триумф и тага. Блузот сето тоа го разбира, некогаш и со помош само на една нота и еден стих“, изјавил Обама.
httpv://www.youtube.com/watch?v=fXCOUpT5xJ8