Храна за добро расположение

19 јуни, 20120
i

Зошто луѓето најмногу јадат кога им е досадно или кога се нервозни? Затоа што имено храната влијае на лачењето на хормоните на среќата во мозокот .

Да навистина вкусната храна сама по себе го зголемува нивото на допамин во организмот исто како сонцето, смеењето, сексот кои ги активираат ендорфините – тие малечки хормони на среќата. За да почне мозокот да создава ендорфин јадете лути пиперки – докажано е дека под влијание на лутото нивото на овие хормони расте.

Освен вкус храната треба да ни обезбеди оптимално ниво на шеќер во крвта со што ни се доставува аминокиселината триптофан поврзана со синтезата на серотонинот – познат како хормонот на среќата.

Триптофанот го има во овесните јатки, кафеавиот ориз, ананас, банани, смокви, сирење, спанаќ, соја и зрнестите култури.

Колку повеќе здрава храна јадете толку посреќни ќе бидете. Направете еден пробен експеримент во текот на неколку седмици по што и самите ќе се уверите во вистинитоста на оваа статија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *