Банана смути: Појадок во чаша
3 јули, 20130
Денес решивме да ви го претставиме овој едноставен и здрав рецепт, но и хранлив појадок или ужина. Идеален е за летните горештини, а подеднакво го сакаат и мајките и децата.
Состојки:
2 чаши млеко
2 банани
1 лажица мед
Пола чаша јогурт
Цимет
6 коцки лед
Сите состојки ставете ги во миксер внимавајќи медот да го додадете на крај и мешајте додека не добиете глатка смеса. Послужете во високи чаши, украсете со банана, а на врвот поросете малку цимет.
Бананите можете да ги замените со некое друго овошје, дури може и смрзнато. Ако користите смрзнато овошје од рецептот исфрлете ги коцките лед.