Божиќни ѕвездички
Слатките ѕвездички некогаш биле типични Божиќни колачиња, но поради нивниот прекрасен вкус и изглед сè почесто ги гледаме на трпезата и за други свечени прилики.
Состојки:
300 гр пченично брашно тип 550
60 гр густин
90 гр шеќер во прав
200 гр маргарин
60 гр мелени бадеми (или лешници)
4 жолчки
Мармалад по ваш вкус
Рум
100 гр шеќер во прав или 2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка
Измешајте ги пченкарното брашно, густинот, шеќерот, маргаринот, мелените бадеми и свежите жолчки. Замесете тесто и оставете го во фрижидер околу еден час.
Тестото тенко развлечете го и исечете го со калапи во форма на ѕвезди. На половината од ѕвездите, во средината исечете кругови.
Наредете ги на подмачкано тавче за печење печете околу 10 минути на температура од 200 ° C.
Печените ѕвезди со дупка ставете ги на хартија и посипете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер. Останатите целосни ѕвезди премачкајте ги со џем во кој сте ставиле малку рум и преклопете ги со зашеќерените ѕвезди.