Брзо и ефтино: Крокети од стар леб

20 декември, 20130
<SAMSUNG DIGITAL CAMERA>

Состојки:

500 гр стар леб

2,5 дцл млеко

3-4 јајца

1 прашок за пециво

100 гр шунка или салама

100 гр сирење или кашкавал

Презла

Оригано

Подготовка:

Лебот се сече на парчиња и се полева со млако млеко. Оставаме да отстои за да омекне десетина минути. Потоа го цедиме со раце за да истече млекото. Лебот се меси со раце. Во тестото прво се додаваат јајцата, па потоа и останататите состојки. Додадете салама исецкана на коцки, рендано сирење, оригано, сол и бибер, прашок за пециво, а презла се додава по потреба со цел крокетите да ја добијат потребната цврстина.

Кога ќе добиете изедначена смеса погодна за обликување, со раце се прават топчиња. Можете да ги извалкате во јајца и презла или пак дирекно да ги пржите. Се пржат во длабоко и врело масло додека не добијат златно кафена боја.  Супер оброк во комбинација со салата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *