Чизкејк со Нутела
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За подлога
12 искршени чоко кекси
3 лажички маргарин
За крем
250 грама Крем сирење
2/3 шолја Нутела
1 лажичка екстракт од ванила
1 пакување шлаг пена или сладолед по желба ( препорачуваме од ванила)
Украсен крем
Изматена слатка павлака
Рендано чоколадо
Рендани бадеми, ореви или лешници
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во помал сад измешајте ги измелените чоко кекси и маргаринот во еднолична смеса. Рамномерно разделете ги во чаши и со лажичка притиснете ги за дното.
Во поголем сад добро измиксирајте го крем сирот и нутелата, а потоа додадете го шлагот или (сладолед по желба) и лажичка од екстрактот од ванила ( не море ако користите сладолед од ванила). Распоредете го кремот рамномерно во шолјите и обликувајте. Потоа шолјите ставете ги во поголем сад кој ќе го затворите со фолија ( или самите шолји покријте ги со фолија) и оставете ги најмалку 2 часа во фрижидер пред послужувањето.
Измиксајте ја слатката павлака и ставете врз десертот пред самото послужување. Посипете со измелени ореви, лешници или бадеми.
Уживајте!!!