Чоколаден чизкејк Брауни

7 јули, 20130
8

Потребни состојки:

120 гр темна чоколада, најдобро 80% какао

120 гр путер

150 гр кафеав шеќер

2 јајца

60 гр брашно

За чиз глазурата:

1 јајце

240 гр сирење Филаделфија

60 гр шеќер

1 пакетче ванила

Тава со димензии 20х20 см се обложува со алуминиумска фолија. Рерната се загрева на 180 степени. Чоколадата и путерот се топат во тенџере, при што се меша постојано, за да не загори чоколадата – најдобро тоа да го направите на водена пареа. Во чоколадната смеса се додава шеќерот, после јајцата, при што се меша со миксер. Се додава и брашното и се заедно се меша добро.

Сите компоненти за чизкејкот се мешаат добро додека не се добие изедначена пенеста смеса. 3/4 од смесата за брауни се исипува во тавата. Врз неа се исипува смесата за чизкејк. Останатата чоколадна смеса се додава од горе со лажица и се оформува некаков мотив – например мермерна шара. Се пече 30-35 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi