Чоколаден пеперминт десерт

11 април, 20131
11

Без разлика дали имате 5 или 55 години, мора да признаете дека чоколадот секогаш котира високо на Вашата агенда… Со овој едноставен рецепт, ќе ги остварите Вашите чоколадни желби.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

375 грама темно, растопено чоколадо

2 ½ шолји шеќер во прав

1 лажица растително масло

2 лажици млеко

¼  лажица екстракт од пеперминт

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Со масло, се подмачкува плех со длабочина 6 сантиметри и со димензии 20 см. На плехот, се става хартија за печење при што до краевите на садот, се остава слободна површина од 3 сантиметри. Половина од смесата со растопеното чоколадо, префрлете ја во стаклен огноотпорен сад. Дополнително загрејте ја 1-2 минути мешајќи на секои 30 секунди. Откако ќе се загрее, префлете ја смесата на хартијата за печење и оставете ја во фрижидер 15 минути, да се олади .

Сипете го шеќерот во прав во огноотпорен сад. Додадете ги млекото и маслото и мешајте додека не добиете густа смеса. Сето тоа, загрејте го на висока температура, во времетраење од 2- 3 минути, додека смесата не се изедначи и мешајте на секои 30 секунди. Додадете го и екстрактот од пеперминт. Тргнете ја смесата да се олади, а доколку е премногу густа, додадете 1 лажица млеко.

Смесата со пеперминт, префрлете ја врз чоколадната смеса и така, двете смеси ставете ги во фрижидер 15 минути. Ставете го останатото чоколадо во огноотпорниот сад и загрејте го на висока температура во времетраење од 1-2 минути, мешајќи на секои 30 секунди. Тргнете го на страна и нанесете го врз слојот со пеперминт. Конечната трислојна смеса ставете ја во фрижидер да се олади. Откако ќе се олади, извадете ја стврднатата смеса и со помош на топол нож сечете ја на мали коцки.

Уживајте во  чоколадно- ледениот вкус…Одличен е за после вечера !

One comment

  • marinela

    11 април, 2013 at 23:54

    mi se dopaga

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *