Чоколадни тартуфи со морска сол

11 декември, 20170
14

Потребно е:

400 мл засладено кондензирано млеко (рецептот следува утре)

230 гр темно чоколадо со 70-75% какао маса

230 гр темно чоколадо со 50-60 % какао маса

230 гр квалитетно млечно чоколадо

1 лажица екстракт од ванила

морска сол

 

Подготовка

Чоколадата стопете ги на пареа (ставете тенџере со вода да зоврие и врз него ставете пластичен сад или некој друг сад каде ќе го ставите чоколадото исечкано на коцки). Ставете го млекото.

Мешајте со дрвена лажица за да се растопи побрзо целата смеса. Кога се ќе се растопи, ставете го екстрактот од ванила.

Измешајте ја целата смеса убаво за да биде компактна, покријте ја со пластична фолија и ставете ја во замрзнувач да отстои два часа.

Неколку минути пред да ја извадите замрзнатата смеса, на пареа стопете го млечното чоколадо. Садот со стопено чоколадо тргнете го од оган.

Од оладената смеса формирајте топчиња со помош на мало лажиче со кое ќе земете мал дел од смесата.

Стркалајте го како топче и брцнете го во стопената млечна чоколада со помош на вилушка, како на сликата. Готовите тартуфи наредете ги на хартија за печење со помош на чепкалка за да не се растече чоколадото по целата хартија.

Врз секоја чоколадна бомбица попрскајте малку морска сол и со прст запечатете ја солта во бомбицата за да не падне додека се јаде.

Кога солта ќе дојде во допир со чоколадото, ја истакнува интензивната арома на чоколадото и неговиот вкус доаѓа до израз.

 

Забелешка: Може да ја намалите грамажата на половина ако количеството ви е многу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *