Чоколадно крем бруле

20 август, 20130
7

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 0,5 лажиче екстракт од ванила

* 100гр чоколадо

* 240мл слатка павлака

* 3 жолчки

* 2 лажици шеќер

* 2 лажици кафеав шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ја загреваме рерната на 150 степени.
  • Ги матиме жолчките со шеќерот и екстрактот од ванила до кремаста смеса.
  • Ја загреваме павлаката речиси до вриење и го додаваме чоколадото да се стопи во неа.
  • Потоа внимателно ја додаваме смесата кон изматените жолчки, постојано мешајќи.
  • Ја распоредуваме смесата во 4 огноотпорни формички со обем 125мл.
  • Формичките ги ставаме во длабок сад, во кој налеваме топла вода. (водата треба да достигнува до средина на формичките со крем. Ова ќе му овозможи на кремот рамномерно да се запече).
  • Гледаме водата да не зоврие, па по потреба за време на печењето додаваме млака вода.
  • Печеме 25-30 минути, подготвеноста ја проверуваме исто како кај чизкејкот – средината на кемот треба да биде како желе со благо тресење на формата.
  • Го вадиме кремот од водата и го ставаме во фрижидер да одстои 2-3 часа.
  • Го посипуваме со шеќер и го ставаме да се запече уште 3 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi