Црно бел колач

30 април, 20130
4

Потребни состојки:

За тесто:

  • 2 белки од јајца
  • 100гр шеќер
  • 220гр кокосово брашно
  • 30гр пченично брашно

За фил:

  • 2 жолчки од јајца
  • 185мл слатка павлака
  • 185гр темно чоколадо
  • 2 лажици коњак
  • 185гр бело чоколадо
  • 155гр кисела павлака

Прелив:

  • 250гр малини
  • лажица шеќер во прав

Начин на подготовка:

Изматете ги белките, постепено додавајте шеќер, а потоа и кокосово брашно. Тестото распоредете го на дното и рабовите на подмачканиот калап. Печете 25 минути на 180 степени, оставете го во калапот пет минути, па извадете да се олади. За фил, жолчките и слатката павлака сварете ги на пареа. Додадете чоколадо и коњак, па продолжете да мешате додека чоколадото не се стопи.

Белото чоколадо и киселата павлака исто така гответе ги на пареа и мешајте додека да добиете соединета смеса. Тргнете од оган и оставете да се олади. Најизменично додавајте една лажица од црната и една лажица од белата семеса на тестото и со вилушка поминете да добиете мермер украс. Оставете да се олади два часа.

За прелив ставете малини во блендер и иситнете ги во облик на пире. Исцедете, помешајте со шеќер во прав и послужете со колачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *