CUPCAKES

22 август, 20130
7

Ова е една богата, феноменална варијанта на вечно обожуваните американски колачиња со име „капкејкс“. Малку е покомплицирана за правење – но што е тоа за вас, особено ако сакате да покажете што сѐ знаете да направите

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

за колачите:

– 3 филџани брашно

– 2 филџани шеќер

– ½ филџан какао

– 2 лажичиња прашок за печење

– 1 лажиче сол

– 1 филџан филтер или инстант кафе (изладено)

– 1 филџан студена вода

– ¾ филџан масло

– 2 лажици алкохолен оцет

– 2 лажичиња ванила

– 1 филџан горка чоколада (исечкана на коцки, како замена за чоколаден чипс), измешана со 1 лажица брашно

ЗА ФИЛ:

– 2 филџани шеќер во прав

– ½ филџан путер, омекнат на собна температура

– 1 лажица инстант кафе

– 1 лажица топла вода

– 1 лажиче ванила

– 1/8 лажиче сол

– изматена слатка павлака

ПОДГОТОВКА

За подготовка на капкејкс стандардно ви е потребен сад за печење на овие колачиња, како и специјална хартија за печење.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во голем сад, измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, прашокот за печење и солта. Додадете ги студеното кафе и вода, маслото, ванилата и алкохолниот оцет. Мешајте, но немојте да претерате со мешање (мешајте со лажица, не со миксер).

Во смесата додадете ги претходно измешаните чоколадни коцкички со брашното, и промешајте. Со една лажица наполнете го секое делче од садот за колачи, во кое претходно ја ставивте хартијата за печење. Печете на 180 степени околу 20 минути.

Кога колачите ќе бидат готови, оставете ги уште 10 минути да се ладат во садот, а потоа извадете ги надвор и оставете целосно да се изладат.

Подготовка на кремот од кафе:

Во еден голем сад, ставете го путерот, и потоа во него додадете ги претходно измешани водата и кафето. Матете некое време, па додадете ги ванилата и солта, и матете уште некое време. Потоа полека додавајте го шеќерот во прав, матејќи на најмалата брзина. Откако убаво ќе се измати, зголемете ја брзината и матете уште две минути.

На крајот додадете ја убаво изматената слатка павлака, и матете прво на најмалата брзина, полека забрзувајќи, околу 5 минути.

Декорација:

Откако колачињата сосема ќе се изладат, аплицирајте го кремот со шпатула, или, доколку навистина сакате да бидат автентични, со шприц или кеса за декорирање (употребете врв во форма на ѕвезда). Доколку декорирате на овој начин, претходно оставете филот да се излади 10-тина минути во фрижидер, за полесно да добие форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi