Деликатесни филети од риба во тесто од пиво
Воодушевете ги пријателите со умешноста за спремање на специјалитети од риба !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Брашно
2 децилитри пиво
2 јајца
1 килограм филети од риба
Масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Филетите од риба ( замрзнати или свежи ) потребно е убаво да се исушат односно да им се отстрани влажноста. Тоа најдобро ќе го сторите со крпа, избегнувајте салвети и хартија затоа што филетите ќе се залепат на хартијата.
Откако убаво ќе ги исушите филетите, извалкајте ги во брашното и истресете го вишокот на брашно.
Искршете ги јајцата, додадете го пивото и постепено ставајте го брашното. Треба да добиете густа смеса. Откако ќе ја направите смесата оставете ја 15 минути на собна температаура и потоа повторно измешајте ја убаво ( или измиксирајте ја).
Во смесата извалкајте ги побрашнетите филети од риба. Исцедете го вишокот смеса.
Пржете на температура од 170 степени Целзиусови додека филетите не добијат златна боја.
Вкусот е чудесен…
Уживајте!!!