Диетален “зелен“ мајонез
3 јули, 20130
Потребни состојки:
1 тиквица
1 авокадо
2 парчиња лук
½ главица кромид
1 чаена лажичка бибер
½ лажица магдонос
2-3 супени лажици лимонов сок
2 лажици масло за јадење
Хималајска сол по вкус
Начин на подготовка:
Тиквицата се пече, се лупи и се сече на коцки. Авокадото исто така се лупи и чисти. Ставете ги во сад, додадете го кромидот, лукот и зачините и пасирајте.