Домашно гиро – неодолива неделна вечера
ДОМАШНО ГИРО – НЕОДОЛИВА НЕДЕЛНА ВЕЧЕРА
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг свинско месо
бел оцет
3 мали лажици сол
1 ½ мали лажици црвен пипер
¼ мала лажица бибер
¼ мала лажица оригано
6-8 парчиња пита леб
½ шолја ѕаѕики
1 среден кромид, исечкан
2 домати, исечкани на тркалца
помфрит
маслиново масло
ЗА SАЅИКИ СОС
• 1 шолја полномасен процеден јогурт
• 1 краставица, свежо рендана (отстранете го вишокот на вода со помош на хартиени салфетки)
• две чешниња лук, ситно исечкани
• ¼ лажица кромид во прав
• 5 капки лимонов сок
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги црвениот пипер, солта, биберот и ориганото во мал сад.
Исечкајте го месото колку можете потенко и потоа истапкајте го со помош на дрвен чекан. Наредете ги парчињата месо во сад со рамно дно и попрскајте со миксот од зачини и потоа со малку оцет. Распоредете го оцетот рамномерно по месото, покријте го садот и оставете да се маринира меѓу половина и 2 часа во фрижидер.
Извадете го месото од фрижидер и исечете го на парчиња со ширина 1-1,5 цм или должина 5-6 цм. Испржете ги без масло во тава. Парчињата месо треба да добијат кафена боја и да бидат крцкави.
Намастете ги гиро питите со маслиново масло и оставете ги во рерна неколку минути, за да се стоплат и да омекнат. Потоа, наредете 2-3 парчиња домати, малку кромид, гиро месо, 1 лажица ѕаѕики сос и помфрит.
Добар апетит!