Едноставен чоколаден колач

24 декември, 20130
18

Состојки:

За кора:

4 јајца ( разделете ги белките и жолчките)

200 гр путер

100 гр шеќер

4 лажици брашно

2 лажици какао

Половина пакетче прашок за пециво

За крем:

500 мл слатка павлака

2 млечни чоколади

2 чоколади за готвење

Подготовка:

Путерот треба добро да омекне на собна температура, па се мати заедно со жолчките и шеќер. Се додава брашно, какао и прашок за пециво, па се меша. Од белките се прави цврст снег па се додава во тестото. Се промешува, а потоа смесата се исипува во тепсија. Се пече во помала тепсија на 180 степени. Кората се вади од рерна и се остава целосно да се олади. Павлаката се става на оган и во садот се додава искршена чоколада. Мешајте додека чоколадата не се стопи, а потоа филот додадете го врз ладната кора. Колачот се остава во фрижидер додека се стегне, а потоа се сече на коцки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *