Едноставен но превкусен колач со ореви

13 декември, 20130
27

Состојки:

За кора:

150 гр путер

250 гр шеќер

3 јајца

400 гр џем

200 гр мелени бисквити

3 лажици брашно

200 гр чоколада

За фил:

300 гр џем

200 гр сецкани ореви

Подготовка:

Рерната се загрева на 180 степени. Путерот се омекнува на собна температура и се мати заедно со шеќерот. Во смесата се додаваат џем и јајца па се продолжува со матење. Се додаваат бисквитите и брашното, па повторно се мати.

Смесата се префрла во претходно подмачкана тепсија. Врз тестото се додаваат парчиња чоколада. Се пече околу 30 минути, потоа се гаси рерната, но колачот се остава да отстои внатре уште 10 до 15 минути.

Се загрева џемот, на тоа се додаваат сецканите ореви и се промешува. Извадете го колачот од рерна и врз топлата кора се додава филот од џем и ореви. Потребно е прво да се олади, за да може добро да се исече на коцки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *