Едноставна и фантастична: Непечена Милка торта

24 ноември, 20130
EXIF_IMG

Состојки:

1 л млеко

10 лажици шеќер

3 кеси пудинг од ванила

300 гр млечна милка чоколада

100 гр бела милка чоколада

500 мл слатка павлака

Плазма бисквити за дното

Подготовка:

Од литарот млеко одземете малку за да го растворите пудингот со шеќер. Останатато млеко ставете го да проврие па додадете го растворениот пудинг со шеќер. Врелата смеса поделете ја на два дела, па во едната ставете бела, а во другата млечна чоколада и мешајте се додека се стопат. Оставете да се олади.

Изматете ја слатката павлака, па 1/4 ставете во белиот, а 1/4 во темниот крем.

Земете подлабок сад со округла форма, обложете го со кеса и исипете го белиот крем, врз него ставете го остатокот од слатката павлака. Следува темниот крем. Врз него ставете ред плазма бисквити потопени во млеко. Затворете ги ивиците на кесата и ставете ја тортата во фрижидер неколку часа. Извадете ја, отворете ја кесата, поклопете со тацна и превртете ја тортата. Вашата Милка торта ќе има идеална форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi