Канелони со спанаќ и сирење
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* пипер
* сол
* 100гр рендан пармезан
* пола главица кромид
* 100гр спанаќ (свеж или замрзнат)
* 400гр сирење “рикота”
* 1 паковање канелони
ЗА БЕШАМЕЛ СОСОТ:
* 0,5 литар млеко
* 50гр путер
* 50гр брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Обарете ги заедно ситно сецканиот кромид и спанаќот, па додадете го сирењето. Намалете го огнот и додадете 50гр пармезан, сол и бибер по вкус.
Наполнете ги канелоните со шприц или со лажица.
За сосот: Запржете го брашното во путер и додадете го топлото млако. Мешајте енергично со жица, за да не се формираат грутки.
Намачкајте ја тавата со масло, ставете од сосот на дното и наредете ги канелоните. Одозгора ставете го останатиот дел од бешамел сосот и останатите 50гр пармезан.
Печете околу 30-40 минути, на 190 степени со вентилатор.