Карамел коцки со банана

18 декември, 20130
23

Состојки:

За кора:

4 јајаца

4 лажици шеќер

1 дл масло

200 гр брашно

1 прашок за пециво

½ лажичка цимет

2 – 3 банани

Крем:

300 гр шеќер

4 дл слатка павлака

150 гр маргарин

За декорација:

2 дл слатка павлака

Пенасто се матат јајцата со шеќер, па се додава масло. Потоа внимателно се додава и брашно измешано со цимет и прашок за пециво. Плехот се подмачкува со маргарин и се поросува со брашно. Бананите се сецкаат и се подредуваат на дното на садот. Врз бананите се додава смесата за кора. Се пече на 180 степени, околу 20 минути. Печената кора се остава да се олади.

Во сад додадете шеќер па на слаб оган треба да карамелизира. Кога тоа ќе се случи, внимателно додадете 2 дл слатка павлака, па на тивок оган мешајте, додека карамелата се стопи. Тргнете го садот од оган, па додадете маргарин. Кога маргаринот ќе се стопи, а смесата ќе се олади, одвојте 5 – 6 лажици од карамел кремот кој ќе ви треба за декорација. Преостанатите 2 дл слатка павлака се матат додека не добиете цврст снег, па ова се соединува со карамел кремот. Добро измешајте, па премачкајте ја кората. Врз тоа премачкајте со 2 дл матена павлака, па оставете да се олади. Ладниот колач се сече на коцки, а секоја од нив се декорира со карамел крем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi