Кикирики торта

22 април, 20130
14

Ако ви треба енергија…

Потребни состојки за кората:

–       10 белки

–       20 лажици шеќер

–       5 лажици брашно

–       2 лажици какао

–       пециво

–       150 гр печени и исецкани кикирики

За филот:

–       10 жолчки

–       100 гр шеќер во прав

–       2 лажици вода

–       250 гр шеќер

–       2 кесички ванилин шеќер

–       100 гр чоколада

–       250 гр маргарин

–       300 гр печени исецкани кикирики

За преливот:

–       200 гр шеќер

–       250 мл слатка павлака

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег, додајте го брашното, какаото и пецивото, па на крајот додајте ги кикириките. Убаво измешајте ги со дрвена лажица. Печете во голем плех околу 45 минути на 180 степени. Готовата кора исечете ја на три еднакви делови. За филот, пенесто изматете ги жолчките со маргаринот и шеќерот во прав. Карамелизирајте 100 гр шеќер, а кога ќе зацрвени додајте две лажици вода, и остатокот од шеќерот. Варете ја смесата додека не згусне, а потоа додајте ја чоколадата. Изладената смеса соединете ја со првата и на крајот додајте ги исецканите кикирики и ванилин шеќер. Филувајте ја секоја кора со овој фил. За преливот запржете го шеќерот, но внимавајте да не потемни премногу. Додајте ја слатката павлака. Варете долго на тивок оган со постојано мешање. На крајот прелијте ја тортата со овој прелив, откако ке се излади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi