Крцкав похован модар патлиџан
5 август, 20130
Потребни намирници:
1 супена лажица брашно
2 супени лажици презла
2 јајца
1 патлиџан
Сол
Масло за пржење
Го миеме и го сечеме модриот патлиџан.
Го накиснуваме во малку вода со сол околу 30 минути за да излезе горчината.
Во сад ги биеме јајцата.
Посебно во друг сад ги мешаме брашното и презлата со малку сол.
Го цедиме патлиџанот и секое парче го потопуваме во јајцата, а потоа во презлата и пржиме во врело масло од двете страни.
Откако ќе се испржат парчињата ги оставаме врз кујнска хартија за да се исцедат од маслото.
По желба поросуваме со ситно сецкан магдонос и гарнираме со свежа салата.